Дома Македонски спорт ФФМ донираше спортска опрема за 115 екипи во младинска конкуренција

ФФМ донираше спортска опрема за 115 екипи во младинска конкуренција

Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки) на екипите од Супер и Првата лига, на пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција.

„Фудбалската федерација на Македонија повторно го помага развојот на младите категории. Помошта во вид на спортска опрема е многу важна и е од голема помош за екипите и за родителите на децата кои тренираат“, истакна Драган Иванов од ФК Силекс.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Координаторот на младинските категории во ФК Брегалница, Драган Христовски вели дека донацијата на спортска опрема е од големо значење за клубовите.

„Реално помош во вид на доанција е од огромно значење за сите екипи. Особено за ФК Брегалница, каде младите категории не влегуват во системот на спонзорирање“, истакна Христовски.

„Голема благодароност до Фудбалската федерација на Македонија. Грижата за младите фудбалери е основа за светла перспектива на секоја екипа. Донираната опрема и фудбалските топки се голема помош за сите нас, а ние како екипа ќе продолжиме да се грижиме за младите фудбалери и ќе бидеме фокусирани на талентите“, истакна Суљо Алијовски од ФК Шкупи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…