Дома Топ вести (Фото) Судијата спречи СКАНДАЛ во Шпанија, погледнете колку играчи имаше Реал на теренот!

(Фото) Судијата спречи СКАНДАЛ во Шпанија, погледнете колку играчи имаше Реал на теренот!

Реал Мадрид запиша пораз во вчерашниот натпревар од Реал Бетис, а на „Сантијаго Бернабеу“ на дваесетина минути до крајот на натпреварот се случи една навистина несекојдневна сцена, која веројатно ја покажува нервозата во редовите на „кралевите“.

Марко Асенсио влезе на местото на Иско, но неколку моменти претходно, настана конфузија. Марсело се повреди, го напушти теренот, а на негово место влегуваше Лукас Васкез.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во исто време Борха Мајорал влегуваше во игра, фудбалерот влезе на теренот, никој не тргна кон клупата за резерви.

Но, главниот судија на натпреварот, Матео Лахоз, во тој момент ги преброи играчите на теренот и му сугерираше на Зинедин Зидан да исфрли еден.

Малку недостасуваше Реал финишот на натпреварот да го одигра со 12 натпревари: Навас, Карвахал, Варан, Рамос, Касемиро, Крос, Бејл, Роналдо, Асенсио, Васкез, Мајорал и Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…