Дома Фудбал Останато ФИФА избра: Роналдо ги победи Меси и Нејмар!

ФИФА избра: Роналдо ги победи Меси и Нејмар!

Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо, вечерва на гала вечерта на ФИФА беше избран за играч на годината.

Главни конкуренти на Португалецот за освојување на оваа награда му беа поранешните соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Нејмар, сепак според многумина Роналдо заслужено стигна до престижната награда.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Роналдо во минатата сезона со „кралевите“ ја освои Лигата на шампионите, каде што во финалето беа убедливи против италијанскиот претставник Јувентус.

Покрај титулата во Лигата на шампионите, најдобриот фудбалер во светот со својот клуб го освои и домашното првенство во кое постигна и 25 погодоци, додека во Лигата на шампионите беше и најдобар стрелец со 12 постигнати погодоци со одиграни нешто повеќе од 1200 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешен фудбалер во Премиер лигата призна дека примил мито во износ од десет милиони евра

Поранешниот селектор на кинеската фудбалска репрезентација Ли Те призн во случајот со анти…