Дома Фудбал Останато ФИФА ги објави номинираните за „Тимот на годината“ – доминираат „кралевите“

ФИФА ги објави номинираните за „Тимот на годината“ – доминираат „кралевите“

Светскиот сојуз на професионални фудбалери FIFPro го објави списокот од 55 фудбалери кои ќе се борат да бидат избрани во идеалниот тим на годината.

Тимот ќе биде избран од страна на нивните колеги, а најдобрите 11 официјално ќе бидат објавени на церемонијата на доделувањето на наградите на ФИФА, на 23-октомври.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


55-те фудбалери се избрани од страна на 24.000 професионални фудбалери од целиот свет кои го посочија својот идеален тим, составен од голман, четворица дефанзивци, тројца играчи за врска и тројца напаѓачи (4-3-3).

Со рекорден број номинации е Реал Мадрид, кој има 13 фудбалери, па следува Барселона со 10 претставници.

Голмани (5): Џанлуиџи Буфон, Давид де Геа, Кејлор Навас, Мануел Нојер, Јан Облак

Дефанзивци (20): Давид Алаба, Џорди Алба, Дани Алвес, Жером Боатенг, Леонардо Бонучи, Дани Карвахал, Џорџо Киелини, Диего Годин, Матс Хамелс, Филип Лам, Давид Луиз, Марсело, Хавиер Маскерано, Пепе, Жерард Пике, Серхио Рамос, Тиаго Силва, Самуел Умити, Антонио Валенсија, Рафаел Варан.

Среден ред (15): Тиаго Алкантара, Серхио Бускетс, Каземиро, Филипе Кутињо, Еден Азар, Андрес Иниеста, Иско, Нголо Канте, Тони Крос, Немања Матиќ, Лука Модриќ, Месут Озил, Пол Погба, Марко Верати, Артуро Видал.

Напаѓачи (15): Гарет Бајл, Карим Бензема, Едисон Кавани, Кристиано Роналдо, Пауло Дибала, Антоан Гризман, Златан Ибрахимовиќ, Хари Кејн, Роберт Левандовски, Ромелу Лукаку, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Нејмар, Алексис Санчез, Луис Суарез

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…