Дома Фудбал Англија Фил Невил го споредуваше Рашфорд со играчите од негова возраст кои вредат повеќе од 100 милиони

Фил Невил го споредуваше Рашфорд со играчите од негова возраст кои вредат повеќе од 100 милиони

Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд игра одлично во последно време.

Тој на синоќешниот натпревар против Бартон во Карабао Купот постигна два гола, а по натпреварот доби многу позитивни коментари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и Евертон, Фил Невил смета дека Рашфорд е на исто ниво со фудбалерите на Барселона и ПСЖ, Осман Дембеле и Килијан Мбапе.

„Сите ги фалат Дембеле и Мбапе, а никој не зборува за Рашфорд во оваа земја. Само затоа што е Англичанец, ние велиме ‘тој игра на левото крило и е во ред’. Тој е на нивото со Дембеле и Мбапе, кои исто така играат на крилните позиции. Луѓето велат дека Рашфорд треба да игра централен напаѓач, но тој може да игра каде сака, бидејќи навистина е добар. Тој исто така има цена како тие двајца – 100 или 150 милиони фунти. Тој е еднакво добро како и тие и напредува секоја сезона“, изјави Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…