Дома Фудбал Англија Фергусон признава: И во пензија се нервирам кога играме против…

Фергусон признава: И во пензија се нервирам кога играме против…

Сер Алекс Фергусон мина незаборавни 26 години како менаџер на Манчестер Јунајтед, а сега како пензионер често натпреварите на „црвените ѓаволи“ ги гледа од трибините.

75 годишниот Шкот, често од ложата ги следи натпреварите на Манчестер Јунајтед и призна дека се уште чувствува нервоза кога Манчестер Јунајтед за противници ги има Ливерпул и Манчестер Сити.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Не сум толку возбуден како кога бев долу на теренот, но сепак се уште чувствувам нервоза кога играме против два тима. Натпреварите против Ливерпул и Манчестер Сити ме прават нервозен и од трибините, тоа се најголемите натпревари за Јунајтед“, призна Ферги.

„Ништо не може да се спореди со натпреварите против Ливерпул и Сити, уште повеќе сега кога овие два тима се во многу добра позиција. Не сум превозбуден, но само кога играме против нив се уште сум нервозен“, додаде Сер Алекс кој призна дека ужива во новата улога како амбасадор на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…