Дома Останати Авто Мото Ферари импресивен пред почетокот на сезоната: Солидни резултати на тестовите во Барселона

Ферари импресивен пред почетокот на сезоната: Солидни резултати на тестовите во Барселона

Ферари со солидни резултати и на вториот дел од тестовите на патеката во Барселона пред почетокот на новата сезона во Формула 1.

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас сепак беше најбрз на тренинзите во Барселона, но Фетел е веднаш зад него со заостанување од само 0.247 секунди на побавната компонента.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неговото време Ботас го постави на најбрзите ултра меки гуми, додека Фетел возеше на меките, што се за два степени поиздржливи.

Фетел беше 0,155 секунди побрз од Ботас на истиот тип на гуми, додека возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо беше трет.

Одличното време на Фетел следува по резултатот на неговиот тимски колега Раиконен кој вчера беше втор на исто така потврди гуми, позади другиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Сепак се уште е премногу рано за да се прават било какви предвидувања за престоечката сезона, меѓутоа повеќето тимови се импресионирани од перформансите на Фераи и првичните индикатори предвидуваат дека може да бидат конкурентни сезонава.

„Болидот е подобар од претходната сезона и сите го кажуваат тоа. Многу е побрз поради новите правила, ова е нов болид за возење, нови гуми, сметам дека комбинацијата е добра. Сите во Ферари работат како луди. Имавме добри три дена и извозивме доста кругови, но се уште има многу работа пред почетокот на сезоната“ изјави Себастијан Фетел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…