Дома Останати Кошарка Евробаскет Фенербахче прв пат, Антиќ трет пат на тронот на Евролигата

Фенербахче прв пат, Антиќ трет пат на тронот на Евролигата

Фенербахче ја освои титулата во Евролигата, прва во клупската историја, со победата над Олимпијакос 80:64, во финалето на завршниот турнир кој се одржа во Истанбул.

Фенербахче во својот трет настап на Ф4 и во своето второ финале, успеа да ја освои првата титула европски шампион во клупската и во историјата на турската кошарка.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Турскиот тим до титулата го предводеше Жељко Обрадовиќ, кој само потврди дека е најдобриот европски тренер. Обрадовиќ ја освои деветтата титула европски првак, откако претходно се радуваше на трофејите со Партизан, Хувентуд, Реал и Панатинаикос.

Нова европска титула освои и поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ. Крилниот центар ја освои третата титула во Евролигата, откако претходно два пати беше најдобар токму со Олимпијакос.

Антиќ во финалето одигра осум минути, постигна четири поени (0/2 за два, 1/2 за три, 1/2 слободни), на кои придодаде по еден скок и асистенција.

Кога станува збор за натпреварот, Фенербахче доминираше од почетокот до крајот. Одбраната на Фенербахче функционираше беспрекорно, дозволувајќи му на Олимпијакос да погоди само 35 отсто од ударите кон кошот.

Дефанзивата на Фенер целосно ги сопре најдобрите играчи на Олимпијакос (Спанулис, Принтезис, Папаниколау), па поради тоа со двоцифрен број на кошеви завршија само центрите Брч и Милутинов.

Фенербахче до победата го предводеа МВП играчот на завршниот турнир Екпе Удох (10 поени, 9 скока, 4 асистенции, 5 блокади), односно српските репрезентативци Никола Калиниќ (17 поени, 5 скока, 5 асистенции) и Богдан Богдановиќ (17 поени, 5 скока).

Кај Олимпијакос Кем Брч постигна 14 поени, а Никола Милутинов 10. Потфрлија Спанулис со девет поени (2/12 шут од поле), Јоргос Принтезос (3/9 од поле) и Костас Папаниколау 3 поени (1/9 од поле).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…