Дома Останати Федерер ќе паузира до Ролан Гарос

Федерер ќе паузира до Ролан Гарос

Роџер Федерер, кој од почетокот на сезоната игра во неверојатна форма, најави дека ќе направи пауза до почетокот на Роланд Гарос, откако трет пат во кариерата го освои Мастерсот во Мајами.

Федерер, сезоната ја започна на 17-та позиција на АТП листата, а по три месеци и освоени три титули стигна до местото број 4. Швајцарецот победи на Грен слемот во Австралија, а потоа ги освои Мастерс турнироте во Индијан Велс и Мајами.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Превентивно размислувам да одморам. Немам повеќе 24 години, морам да ги бирам моментите кога сум во најдобра форма и да внимавам на здравјето. Минатата сезона коленото чудно се однесуваше на земјаните подлоги. Мислам дека правам добра работа што ќе ја прескокнам сезоната на оваа подлога“, изјави Федерер.

Оваа негова изјава значи дека ќе ги пропушти Мастерс турнирите во Монте Карло, Мадрид и Рим.

„Ќе тренирам на тврди терени, а на земјана подолога ќе започнам да тренирам на две недели пред почетокот на Ролан Гарос. Вимблдон е најголемата цел во поблиската иднина, а потоа турнирите на американската турнеја. На Ролан Гарос нема да бидам под притисок, но сезоната на трева ми е исклучително важна бидејќи ќе играм во Штутгарт и Хале“, додаде Федерер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Бројките не лажат: Ова е уште еден доказ зошто Новак е најдобриот на сите времиња

Се повеќе се оние кои тврдат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а за…