Дома Фудбал Англија Фановите успеаа: Премиер лигата го промени божиќниот календар

Фановите успеаа: Премиер лигата го промени божиќниот календар

Англиската Премиерлига заедно со британските ТВ-мрежи се договорија, сепак, да нема фудбалски преноси на Бадник, односно на 24-ти декември.

Најавата беше дека мечот Арсенал-Ливерпул ќе биде преместен од 23 декември на 24 декември, на што луто реагираше тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, како и навивачите на двата клуба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наместо тоа, дуелот сега ќе се одигра на 22 декември, додека другите девет меча ќе се играат на 23 декември, почнувајќи од Евертон-Челзиво 13.30 часот и завршувајќи со Лестер-Манчестер јунајтед во 20.45 часот.

„Имаме натпревари за викендот, па потоа традиционално за Божиќ. Беше тешко да се направи распоредот“, изјави претседателот на Премиерлигата, Ричард Скадамор.

Премиерлигата е единствената од елитните европски лиги во кои има натпревари околу Божиќ, нешто што е вклопено во историјата на англискиот фудбал. До 1958 година сите натпревари се играа точно на Божиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Генијалноста на Анчелоти која го одведе Реал до полуфиналето во ЛШ без два стартни стопери и двата први голмани

Карло Анчелоти, го предводеше својот клуб до полуфиналето на Лигата на шампионите и дуел п…