Дома Луд Спорт Уште едно признание за легендата: Кристиано Роналдо си доби свој аеродром!

Уште едно признание за легендата: Кристиано Роналдо си доби свој аеродром!

Аеродромот на португалскиот остров Мадеира од денес го носи името на фудбалската ѕвезда Кристиано Роналдо кој е роден на овој остров.

На островот Мадеира, вчера Португалија одигра контролен натпревар со Шведска и тоа беше прв настап на Роналдо пред локалната публика во родниот град, Фунчал, но за жал неговиот тим загуби иако тој постигна еден гол.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Фунчал исто така постои споменик на Кристиано Роналдо, музеј посветен на славниот фудбалер и хотелски комплекс кој го носи неговото име.

Сликата на Роналдо веќе е закачена на фасадата на аеродромот, кој досега го носеше името Мадеира и кој е еден од најветровитите аеродроми во светот.

Фудбалерот на Реал е голем промотор на Мадеира, значајна туристичка дестинација која се наоѓа на 500 километри источно од брегот на Африка, а локалните власти потврдија дека Роналдо денес ќе присуствува на церемонијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Дани Алвеш може да биде ослободен за неколку дена

Поранешниот фудбалер Дани Алвеш, неодамна беше неправосилно осуден на четири и пол години …