Дома Трансфер зона Торино им одговори на „Росонерите“ – Еве што бараат за Белоти!

Торино им одговори на „Росонерите“ – Еве што бараат за Белоти!

Управата на Милан веќе ја испрати првата понуда за италијанскиот напаѓач Андреа Белоти.

Новата управа на Милан одработува фантастичен преоден рок. До сега пристигнаа 10 засилувања, а сега им недостасува еден напаѓач за да го комплетираат целосно новиот тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мети се Никола Калиниќ (Фиорентина), Пјер-Емерик Обамејанг (Борусија Дортмунд) и Андреа Белоти (Торино).

Од споменатите тројца очекувано еден од Белоти и Обамејанг е прва цел, додека Калиниќ е резервна опција.

Милан веќе ја испрати првата понуда  за Белоти кој изнесуваше 40 милиони и плус Габриел Палета и Мбаје Нианг, но Торино истата ја одби.

Познато е дека Белоти има откупна клазула од 100 милиони евра, но таа важи само за клубовите надвор од Серија А. Првиот човек на „биковите“ им одговори на „росонерите“ и соопшти дека за улсугите на фантастичниот напаѓач бара 80 милиони евра и споменатите двајца играчи (Палета и Нианг).

Останува да видиме дали управата на Милан е спремна да понуди колку што бара Торино, но јасно е дека преодниот рок сакаат да го завршат со агажирање напаѓач од светска класа.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…