Дома Македонски спорт Мак фудбал УЕФА со статија: Новите херои на Македонија!

УЕФА со статија: Новите херои на Македонија!

Квалификацијата на Македонија за нејзиното прво учество на Европско првенство до 21 година треба да се припише на долгогодишната работа за развој на фудбалот во оваа држава, пиштува УЕФА на својот официјален сајт.

Навивачите бруно навиваат за Македонија бидејќи нивната машка репрезентација прв плат се пласира на финален турнир на УЕФА, после квалификациите за Европското првенство за играчи помлади од 21 година.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Тоа што нашите играчи за меѓу најдобрите во Европа до 21 година на нашите навивачи им даде додатен елан“, изјави генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски, и додаде дека квалификациите беа едно од „најголемите достигнувања“ во македонската фудбалска историја.

Македонската репрезентација до 21 година ја следеа 20.000 луѓе во текот на квалификациите, додека фудбалерите пред заминување за Полска беа испратени со аплауз на државниот стадион во Скопје за време на натпреварот протов Шпанија на 11-ти јуни.

Навивачи од Македонија допатуваа во Полска

Македонија можеби е најниско рангирана на првенството, но никако не треба да се потцени. Во квалификациите беа најдобри во групата и ја победија Франција која ги има некои од најталентираните фудбалери во светот како што се Осман Дембеле и Тимуе Бакајоко.

„Во тимот владее извонреден дух и очекуваме голем број наши сонародници да дојдат да не поддржат во Полска“, изјави Поповски и додаде дека интересот за младинците расте. „Со помош на репрезентацијата ја помогнавме промоцијата на детски турнири во Македонија и тоа беше нашата главна активност. Ако во Полска постигнеме добри резултати, додатно ќе ги развиеме нашите активности“.

Не е изненадување што тимскиот дух е на високо ниво и покрај потешкотиите на отрварањето против Шпанија, бидејќи целата група на фудбалери играше заедно изминатите три години, а тренерот Благоја Милевски верува дека успехот на неговиот тим може да биде инспирација за многу млади Македонци.

„Ова ќе има големо влијание на нашите деца, во секој поглед, особено во мотивацијата. Од сега па натаму, нешто што беше невозможно стана можно за сите наши млади генерации. Верувам дека во иднина ќе се квалификуваме на повеќе завршни турнири“, изјави Милевски.

Скопје ќе биде домаќин на Суперкупот на Европа 2017

Напредокот на Македонија меѓу елитата на европскиот фудбал до 21 година не е случаен. Тоа е кулминација на долгогодишна работа на развој на фудбалот во оваа балканска земја. Помошта на прогамата на УЕФА „HatTrick“ и овозможи на ФФМ да изгради десет вештачки терени, додека во тек е изградбата на пет природни терени заедно со рефлектори.

Изградени се и фудбалски академии ширум земјата, а ФФМ исто така вложува пари и време во проширување на програмата за скаутирање со цел да се откријат најдобрите млади играчи од сите делови на земјата.

„Програмата HatTrick е една од основните програми на УЕФА која може да им помогне на националните асоцијации. Нас многу ни помогна, овие фондови ги користиме за подобрување на инфраструктурата ширум земјата“, изјави Поповски.

ФФМ има големи планови за продолжување на развојот. Сакаат да видат континуиран пораст на бројот на играчи, како и подобрување на инфрструктурата и рангирањето на националните тимови.

Светлата уште еднаш ќе бидат вперени во Македонија на 8-ми август, кога оваа земја ќе биде домаќин на еден од најочекуваните натпревари, Реал Мадрид против Манчестер Јунајтед во УЕФА Суперкупот, пишува УЕФА на својот официјален сајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

РФМ ја одреди цената на билетите за натпреварот со Фарски Острови

Ракометната федерација на Македонија денес започна со продажба за билетите за натпреварот …