Дома Фудбал Германија Тухел: Срам за УЕФА, преку СМС не извести дека мора да играме!

Тухел: Срам за УЕФА, преку СМС не извести дека мора да играме!

tuhel

Тренерот на Борусија Дортмунд, Томас Тухел беше огорчен на раководсните луца на УЕФА што ги приморале клубовите да го одиграат натпреварот во ЛШ и покрај се што се случи претходниот ден.

Томас Тухел не го криеше разочарувањето по поразот кој го претрпе неговиот тим од 2:3, потенцирајќи дека УЕФА останала нема на нивното барање мечот да биде одложен за неколку дена поради тоа што дел од играчите се уште биле во голем шок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Добивме срамен третман од УЕФА. Не третираа како да беше фрлено шише пиво кон нашиот автобус. Потребно беше време за да го надминеме тоа. На играчите им беше потребен уште некој ден. Не го користам ова како оправдување, но навистина не беше лесно тоа што се случи“,вели тренерот на Борусија.

„Сакавме да имаме повеќе време да се справиме со тоа што се случи, но некој во Швајцарија одлучил дека мора да играме. УЕФА инсистираше да се игра и преку СМС не извести дека мора да играме. Како и да е, сега имаме доволно време да се концентрираме максимално и да дадеме се од себе за да избориме пласман во полуфиналето“, заклучи Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…