Дома Трансфер зона Турција на нозе – Два милиони ја бараат ГОЛЕМАТА ѕвезда!

Турција на нозе – Два милиони ја бараат ГОЛЕМАТА ѕвезда!

Големи се шансите Диего Коста да го напушти Челзи ова лето, а судејќи по неговиот Инстаграм профил, веќе има понуда.

И тоа не една, туку 2,6 милиони. Навивачите на Бешикташ до сега во невидена инвазија и „поплава“ на неговиот профил коментираа „Дојди во Бешикташ“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дури и на Инстаграм, кој е една од најпопуларните социјални мрежи, речиси е незамисливо дека некоја фотографија има 100,000 коментари, дури и кога станува збор за најголем број на следбеници.

Меѓутоа, навивачите на Бешикташ успеаа да постават рекрод. Станува збор за фотографијата на Коста со фудбалерот на Сао Паоло, Петрос, објавена пред четири дена.

 

 

Com meu Parceiro @petrosaraujo ??!!

A post shared by Diego Costa (@diego.costa) on

Коста на крајот од минатата сезона, во кога беше најдобар стрелец на Челзи и му помогна да ја освои новата титула, откри дека менаџерот, Антонио Конте во СМС порака му соопштил дека е слободен и дека може да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Бразилецот со шпански пасош, наводно одбил понуди од кинеските клубови, се споменуваше и негово враќање во Атлетико, но мадридскиот тим поради суспензијата не е во состојба да регистрира нови играчи.

Можеби Бешикташ, благодарение на нивните навивачи, ќе се истакне како потенцијална дестинација за 29-годишниот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…