Дома Останати Ракомет Тунис се испречи пред победничката серија на нашите млади ракометари

Тунис се испречи пред победничката серија на нашите млади ракометари

Македонската младинска репрезентација загуби од Тунис со 32:27.

Уште на самиот старт Македонија беше немоќна против Тунис, со оглед на тоа дека Тунижаните стартуваа силно и сигурно, а во текот на целиот меч само ја оддржуваа предноста.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По низа технички грешки кои не ни дозволија да поведеме со два во еден момент, момците предводени од Илија Темелковски на паузата замина со негатива 17:14.

Стартот од второто полувреме го одбележавме добро, но брзањето во клучни моменти и разбранетиот Брахим кај противничкиот состав се чини пресудија.

Томи Јагуриновски заработи и црвен картон во напад, а на крајот сепак поразот беше неизбежен.

Моменталната состојба во групата говори дека освен Шпанија и Буркина Фасо сите останати селекции имаат шанса за пласман во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров: Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното ЕП

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација денеска со жрепка ги дозна противници…