Дома Топ вести Трансфер на деценијата: Арсенал го дава Санчез во замена за…

Трансфер на деценијата: Арсенал го дава Санчез во замена за…

Без оглед на тоа дали Венгер ќе остане или не, се поизвесно е дека Алексис Санчез на крајот на сезоната ќе го напушти Арсенал.

Чилеанецот не сака да потпише нов договор, влегува во последната година од договорот, па „топџиите“ се свесни дека на лето ќе мораат да го продадат доколку сакаат да заработат на неговото заминување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пари Сент Жермен се споменува како кандидат број еден за неговиот потпис бидејќи „светците“ имаат финансиска моќ да ги задоволат неговите барања.

Сепак, англиските медиуми тврдат дека Арсенал има генијален план и дека сака да го пушти Санчез, а на негово место да го донесе Алваро Мората, кој е голема желба на лондонскиот клуб.

Имено, Мората не е задоволен со статусот во Мадрид и најверојатно ќе ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а „топџиите“ сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го донесат на „Емирати“.

Медиумите тврдат дека Арсенал на Реал Мадрид ќе му понуди трампа, така што во спротивен правец ќе ги испрати Алексис Санчез.

Зидан е симпатизер на играта на Чилеанецот, особено поради фактот што може да игра на сите позиции во нападот и што веќе има искуство во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…