Дома Топ вести Трансфер кој ќе предизвика земјотрес: Барса и Челзи се договорија!

Трансфер кој ќе предизвика земјотрес: Барса и Челзи се договорија!

Италијанскиот весник „Тутоспорт“ лансираше вистинска трансфер „бомба“ и тврди дека Барселона и Челзи постигнале усмен договор со трансфер на Нејмар.

Весникот тврди дека раководството на Барса имало средба со сопственикот на Челзи, Роман Абрамович и дека двете страни се договориле за трансфер во вредност од рекордни 180 милиони евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рускиот милијардер се одлучил на овој потег, за да ги подобри односите со менаџерот Антонио Конте. Италијанецот се претставува одлично на чело на „сините“ и е сакан од фудбалерите, но во последно време се појавија гласини за неговата иднина.

Сега Абрамович е цврсто решен да го израдува менаџерот со најголемиот трансфер во историјата на фудбалот. Нејмар има договор со Барса до 2021 година и во него има откупна клаузула од 220 милиони евра.

Наводно Каталонците како замена за Нејмар ја „пикирале“ ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…