Дома Топ вести Трансфер кој ги шокира сите: Златното момче за кого „лудуваше“ Европа заврши во Свонси!

Трансфер кој ги шокира сите: Златното момче за кого „лудуваше“ Европа заврши во Свонси!

Пред повеќе од една година Баерн го купи Ренато Санчез од Бенфика за 35 милиони евра. После тоа, младиот 20-годишен играч за врска беше одличен на Европското првенство во Франција.

На крајот, Кристиано Ронадло со неговото друштво стигна до историската титула европски шампион, а во Минхен задоволно ги „триеа рацете“, убедени во светлата иднина на официјално најдобриот млад фудбалер во 2016. година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Меѓутоа, Санчез одигра 25 натпревари за германскиот шампион и само вкупно 903 минути, без постигнат гол, ниту запишана асистенција. Ја загуби довербата кај Анечлоти, а после тоа и кај управата на Баерн, која одлучи да го испрати на позајмица.

Веднаш се појавија бројни европски гиганти како Милан, Јувентус, Ливерпул, Арсенал… Самиот играч јавно изјави дека би сакал да се пресели на „Сан Сиро“ и изгледаше дека само чекор го дели од „Росонерите“. Сепак, Баварците бараа преголеми пари и италијанскиот гигант се откажа, исто како и другите споменати клубови.

И тогаш, од нигде никаде, се појави Свонси. Никој не можеше да поверува дека премиерлигашот би можел да ја заврши комплицираната операција и да го доведе еден од најталентираните фудбалери во светот.

 

Сепак, на изнедување на сите, успеа да го реализира шокантниот трансфер во претпоследниот ден од трансфер периодот и да ги договори условите со Баерн. Санчез пристигна на едногодишна позајмица, а Германците ќе добијат 8.5 милиони евра, со тоа што Свонси нема можност да го откупи договорот на крајот на сезоната.

Дали Санчез ќе се пронајде на стадионот „Либерти“ и ќе го потврди квалитетот за кој толку се зборуваше, ќе видиме за многу брзо време.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед почна преговори со дефанзивецот на Леверкузен

Манчестер Јунајтед почна преговори со дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пр…