Дома Топ вести Трансфери во живо: Ибра се ВРАТИ, конечно добри вести за Барса, Роналдо незадоволен….

Трансфери во живо: Ибра се ВРАТИ, конечно добри вести за Барса, Роналдо незадоволен….

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

– Рафа Бенитез панично бара напаѓач, а прв пик за него и понатаму останува Стеван Јоветиќ. Како што тврдат италијанските медиуми, Њукасл ќе тргне во последна офанзива за купување на црногорскиот офанзивец. (ОВДЕ)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Шпанскиот третолигаш Бургос, на својот Твитер профил објави дека го ангажирале, ни помалку, ни повеќе Лионел Меси. Секако се работеше, за исмејувањер на каталонскиот гигант кој ден пред тоа беше мета на хакерски напад. (ОВДЕ)

– Одлична вест за фановите на Арсенал, Арсен Венгер, потврди дека Алексис Санчез ќе биде во составот за натпреварот против Ливерпул, ова би можело да биде голем знак за останување на Чилеанецот на „Емирати“. (ОВДЕ)

– Како што изминува времето, трансферот на Килијан Мбапе во редовите на ПСЖ е се поизвесен, денес француските медиуми ги објавија деталите од договорот помеѓу ПСЖ и Монако .(ОВДЕ)

– Монако денес ќе биде центарот на фудбалскиот свет, освен ждрепката која е закажана за 18:00 часот, во Кнежеството во текот на денот ќе бидат одржани голем број состаноци. Најмногу работа ќе има екипата на Барселона која се надева дека ќе успее да договори барем еден од Фелипе Кутињо, Анхел Ди Марија и Осман Дебеле. (ОВДЕ)

– Mилан-Рафиња, се зависи од „росонерите“. Фудбалерот на Барселона со задоволство би се преселил на „Сан Сиро“. Во овој момент се чека италијанскиот гигант и официјално да отвори преговори со каталонците.

– Продолжува сагата за Сенегалецот од Лацио, Кеита Балде. Интер. Рома и Тотенхем се обидуваат да го доведат, Лацио сака да го продаде, но фудбалерот има огромна желба да го облече дресот на Јувентус, кој пак не сака на Лотито да му ја исплати бараната сума. Сепак, управата на Лацио очекува Балде на крајот да го промени мислењето.

– Како што пренесуваат англските медиуми, Арсен Венгер би можел да го продаде Шкодран Мустафи. Интерес за Германецот покажаа Интер и Јувентус кои се спремни да понудат околу 40 милиони евра.(ОВДЕ)

– Уште една интересна вест ни пристигнува од Англија. Наводно, таткото на Лионел Меси бил забележан во Манчестер каде што одржал состанок со управата на Манчестер Сити. Сепак, сите сметаат дека Меси на овој начин само сака да изврши притисок врз управата, но во случај сериозно да размисли за заминување, доколку некој клуб плати 300 милиони евра Барса не би се прашувала ништо.

– ПОТВРДЕНО: Трансферот на Жан Мишел Сери во редовите на Барселона пропадна, а зад сето тоа стои ПСЖ. Францускиот клуб имал намера да го доведе Сери за само да им наштети на каталонците. (ОВДЕ)

– ТРАНСФЕР НА ДЕНОТ: Ибрахимовиќ потпиша договор со Манчестер Јунајтед (ОВДЕ)

– Островските медиуми најавуваат вистинска СЕНЗАЦИЈА и пристигнување на Кристиано Роналдо на Островот во редовите на Манчестер Јунајтед. Оваа потенцијална сензација ја навестува „Manchester Evening News“, истакнувајќи дека главната причина за заминувањето на Роналдо е неодамнешната афера со даночното затајување за кого го испитуваат шпанските власти. (ОВДЕ)

– Звучи не веројатно, но Пеп Гвардиола сака сеуште да ја засилува одбраната. Како што пренесуваат медиумите во Англија, Шпанецот е заинтересиран за бекот на Еспањол, Арон Мартин.

– После заминувањето на неколку фудбалери, Сасуоло стави точка за шпекулациите за иднината на Доменико Берарди, тој ќе остане во клубот. Иначе најголем интерес за Берарди во последно време покажа екипата на Рома.

– После Хумелс, Боатенг, Мустафи и Гарај, ново име како можна замена за Леонардо Бонучи се споменува името на Гери Кејхил од Челзи.

– Екипата на Стоук е блиску до доведување на Вилфред Бони од редовите на Манчестер Сити.

– Ако може да му се верува на арапскиот „Беин Спорт“,  Барселона и Борусија Дортмунд постигнале договор за трансфер на Осман Дембеле во редовите на каталонскиот гигант за сума од 120 милиони евра плус 30 како бонуси.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…