Дома Топ вести Трансфери во живо: Милан со шокантна понуда за Бонучи, Интер се активира, Конте го сака Мората

Трансфери во живо: Милан со шокантна понуда за Бонучи, Интер се активира, Конте го сака Мората

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите сулучувања на трансфер пазарот.

-Шок во Италија! Трансферот на Патрик Шик во Јувентус е пред пропаѓање, иако се беше договорено и играчот пред 20 дена ги помина медицинските прегледи (ОВДЕ).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


-Турскиот гигант Галатасарај во наредните денови би требало да го комплетира трансферот на Софијан Фегули од Вест Хем. Крилниот напаѓач ќе пристигне во Истанбул за 5 милиони евра, а годишно ќе заработува 2,5 милиони евра.

-Интер е на добар пат да го комплетира трансферот на левиот бек на Ница, Долберт. „Нероаѕурите“ испратија понуда од 15 милиони евра, плус 5 милиони како бонуси (ОВДЕ).

– Англиските медиуми пренесуваат дека Обамејанг му бил понуден на Челзи, но менаџерот Антонио Конте го преферира Алваро Мората пред Африканецот (ОВДЕ).

– „Кориере дело Спорт“ пренесува дека Интер ќе тргне по играчот на Тотенхем, Ерик Ламела кој е најголема желба на спортскиот директор Валтер Сабатини (ОВДЕ).

– Официјално: Ѕвездата на Аталанта Папу Гомез иако беше на мета на многу големи клубови, сепак го продолжи договорот со тимот од Бергамо. Аргнетинецот потпиша 5-годишен договор и ќе заработува 2 милиони евра по сезона.

– Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити спрема трансфер на суперталентираниот Бразилец, Даглас Луиз. 19-годишниот играч за врска е член на Васко де Гама, а „граѓаните“ за неговиот потпис ќе платат 12 милиони евра.

– Рома е на добар пат да го донесе „турскиот Дибала“. Италијанските медиуми тврдат дека „волчицата“ ја победил конкуренцијата и постигнала договор со Башакшекир за трансфер на 19-годишниот Ченгиз Ундер (ОВДЕ).

-Крилниот напаѓач на Милан Мбаје Нинаг е на излезна врата од „Сан Сиро“, а италијанските медиуми пишуваат дека кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче каде ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона. „Росонерите“ за неговата слобода бараат помеѓу 15 и 18 милиони евра.

– Манчестер Јунајтед е спремен да започне преговори со Андер Ерера за продолжување на договорот. „Црвените ѓаволи“ ќе му понудат нов, многу побогат договор до 2021 година и се очекува да биде потпишан до почетокот на сезоната.

– Барселона ја зголеми понудата и понуди 27 милиони евра за бразилскиот репрезентативец Паулињо. Сепак, ни оваа сума не е доволна да се убеди кинескиот клуб Гвангжу кој не сака да го продаде играчот и ги одбива сите понуди.

– Англиските медиуми пренесуваат дека Златан Ибрахимовиќ би можел да се врати на терените уште во октомври, па Жозе Мурињо размислува да му понуди нов едногодишен договор (ОВДЕ).

– Манчестер Јунајтед после доведувањето на Лукаку сите сили ќе ги насочи кон ангажман на Ерик Даер од Тотнехем. Англиските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ се спремни да платат 55 милиони евра.

– Хамес Родригез денес го комплетираше трансферот во Баерн Минхен и го избра дресот со број „11“.

– „Спортмедиасет“ лансираше вистинска „бомба“ и пренесе дека Милан испратил шокантна понуда до Јувентус за Леонардо Бонучи (ОВДЕ).

– Официјално: Дани Алвеш во следните две години ќе го носи дресот на ПСЖ и ќе заработува НЕНОРМАЛНО голема плата (ОВДЕ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сити и Баерн сакаат да го „украдат“ талентот на Милан

„Бисерот“ Франческо Камарда го привлече вниманието на сите фудбалски клубови со своја…