Дома Топ вести Трансфери во живо: Сите го сакаат Дрекслер, Барса доби ново засилување, ПСЖ „лудува“

Трансфери во живо: Сите го сакаат Дрекслер, Барса доби ново засилување, ПСЖ „лудува“

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

-ПСЖ го стави Јулијан Дрекслер на трансфер листа, а тоа го уклучи „алармот“ кај големите европски клубови.Медиумите пренесуваат дека Барселона, Интер, Ливерпул и Борусија Дортмунд се во трка за потписот на Германецот (ОВДЕ).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


-Италијанските медиуми информираат дека Интер постигнал договор со Валенсија за трансфер на дефанзивецот Муриљо. Шпанскиот клуб за неговиот потпис ќе плати 13 милиони евра.

-Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан се откажал од Ренато Санчез. „Росонерите“ засилувањето за средниот ред ќе го бараат во Премиер лигата.

-Барселона се засили со колумбискиот дефанзивец Јери Мина од Палмеирас. Каталонците за стоперот ќе платат 9 милиони евра, а играчот до јануари ќе остане во Бразил (ОВДЕ).

-Јувентус сеуште не завршил со трансфер пазарот. „Старата дама“ до крајот на преодниот рок ќе се обиде да ги донесе Езекил Гарај од Валенсија и Спинацола од Аталанта.

-Трансфер сагата помеѓу Мбапе и ПСЖ продолжува. Монако не го повика младиот напаѓач за натпреварот од третото коло во Лига 1 (ОВДЕ).

-Интер и Валенсија ја договорија најавуваната трампа. Жоао Кансело ќе се пресели на „Џузепе Меаца“, а во спортивна насока ќе замине Жефри Кондогбија.

-Агентот на Алексис Санчез потврди дека Манчестер Сити испратил богата понуда за неговиот клиент, но Арсенал ја одбил истата (ОВДЕ).

-Шпанските медиуми пренесуваат дека Лионел Меси му поставил ултиматум на раководството на Барселона. Аргентинецот сака да види како клубот ќе го заврши преодниот рок, па потоа ќе потпише нов договор (ОВДЕ).

Кевин Принц Боатенг го раскина договорот со Лас Палмас и кариерата ќе ја продолжи во Ајнтрахт Франкфурт.

-Сеуште не е комплетиран трансферот на Никола Калиниќ во Милан. Двата клуба преговараат околу евентуалните бонуси, а фудбалерот не тренира со „виолетовите.

-Интер е многу блиску до ангажман на Елијаким Мангала. Дефанзивецот ќе пристигне на едногодишна позајмица од Манчестер Сити и ќе биде замена за Муриљо.

-ПСЖ сака да го комплетира трансфер пазарот со 23-годишниот играч на Монако, Фабињо за кого се спремни да платат 50 милиони евра.

-Рома е во потрага по засилување на крилната позиција. Откако пропадна трансферот на Ријад Марез, „волчицата“ ќе се насочи кон Мунир од Барселона.

-Јувентус ја одби и последната понуда од 70 милиони евра од Челзи за Алекс Сандро. Бразилецот најверојатно ќе остане во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…