Дома Топ вести Трансфери во живо: Шик Торино го менува со Милано, Конте ја одреди цената за Матиќ, Мората на пат за Лондон!

Трансфери во живо: Шик Торино го менува со Милано, Конте ја одреди цената за Матиќ, Мората на пат за Лондон!

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите сулучувања на трансфер пазарот.

Матија де Шиљо денес пристигна на медицински прегледи во Торино, па се очекува до крајот на денот и официјално да стане член на Јувентус. „Старата дама“ за неговиот потпис ќе плати 12 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– Официјално: Немања Матиќ не е на списокот на фудбалери на Челзи кои ќе патуваат на турнеја, а медиумите тврдат дека во наредните денови ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ (ОВДЕ).

– Милан е сериозно заинтересиран за Ренато Санчез и е во интензивни преговори со Баерн Минхен. Двата клуба преговараат за позајмица со право на откуп, а трансферот би требало да изнесува околу 40 милиони евра.

– Каталонското радио денес ги загрижи навивачите на Барселона и потврди дека таткото на Нејмар резервирал билет за Париз каде ќе има средба со раководството на ПСЖ (ОВДЕ).

– Гвардиола е на добар пат да го договори трансферот на десниот бек на Реал Мадрид, Данило за 30 милиони евра (ОВДЕ).

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан одбил понуда тешка 25 милиони евра од Тотенхем за Сусо. Шпанецот останува на „Сан Сиро“ и наскоро ќе го продолжи договорот.

– Јувентус е на добар пат да го комплетира трансферот на Федерико Бернардески од Фиорентина. Медиумите во Италија тврдат дека недостасуваат само детали и дека трансферот ќе „тежи“ 40 милиони евра плус бонуси.

– Интер конечно се активира на трансфер пазарот и е спремен да ја плати откупната клаузула за играчот на Фиорентина. Станува збор за играчот за врска Матијас Вечино за кого „нероаѕурите“ ќе платат 24 милиони евра.

– Вест Хем конечно пронајде засилување во нападот. „Чеканите“ постигнаа договор со Стоук за трансфер на Марко Арнаутовиќ за кого ќе платат 27 милиони евра.

– Претседателот на Лајпциг, Дитер Матешиќ изјави дека одбил понуда тешка 75 милиони евра за Набу Кеита. Иако не го именуваше клубот кој испратил таква понуда, сепак медиумите откриваат дека се работи за Ливерпул.

– Официјално: Серж Гнабри е нов фудбалер на Хофенхајм каде пристигнува на едногодишна позајмица од Баерн Минхен.

– Милан не се откажува од Белоти и во следните денови ќе испрати нова понуда до Торино. Италијанските медиуми тврдат дека напаѓачот има договор со „росонерите“ и дека инсистира на преселба на „Сан Сиро“.

– БОМБА: „Скај Спорт“ потврди дека Реал и Челзи постигнале договор за трансфер на Алваро Мората. Шпанецот се сели на „Стенфорд Бриџ“ и ќе биде замена за Диего Коста.

-Официјално: Крилниот фудбалер на Норвич, Џекоб Марфи се пресели во Њукасл за трансфер вреден 14 милиони евра.

– Јувентус нема лесно да се откаже од Кеита Балде кој во моментов е блиску до Интер. Италијанските медиуми тврдат дека сега „бјанконерите“ се спремни да го понудат Марко Пјаца и Стураро за да го добијат потписот на Сенегалецот.

– Официјално: Вочеј Шчешни денес беше претставен како нов фудбалер на Јувентус. „Старата дама“ за неговиот потпис на Арсенал му плати 12 милиони евра.

– Милан официјално потврди дека нема намера да ги продава Сусо и Локатели и дека наскоро ќе почне преговори со Шпанецот за продолжување на договорот.

– Шалке добил официални понуди од Арсенал и Манчестер Сити за Леон Горецка. Меѓутоа клубот од Гелзенкирхен не сака да го продаде играчот и покрај фактот што му истекува договорот и следното лето без обештетување ќе се пресели во Баерн Минхен.

– Официјално: Екс играчот на Интер и Јувентус, Хернанес ја напушти Кина и се врати во родниот Бразил каде потпиша за Сао Паоло.

– Пресврт: После пропаднатиот трансфер на Патрик Шик во Јувентус, ситуацијата ја експресно ја Интер кој го најверојатно ќе го доведе Чехот во своите редови, наскоро се очекува и официјална потврда.

– Официјално: Данило Каталади преминува од Лацио во Беневенто. Новиот италијански прволигаш го доведе Каталди за два милиони евра, со право на откуп на крајот од сезоната за пет милиони евра.

– Челзи ја соопшти цената за Немања Матиќ, таа изнесува 45 милиони евра, на „бјанконерите“ им беше напоменато дека попусти за нив нема да има.

– Шпанска Селта имаше неуспешен обид да го врати искусниот Нолито во своите редови, како алтернатива за Шпанецот се наведува Сем Ларсон за кого Шпанците се спремни да платат шест милиони евра.

– „Марка“: Елијаквим Мангала на чекор од трансфер во Севиља.

Гери Медел ја одби Валенсија.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…