Дома Топ вести Трансфери во живо: Кутињо главна тема во Англија, Милан и Баерн преговараат, Карлос Бака добива нов клуб

Трансфери во живо: Кутињо главна тема во Англија, Милан и Баерн преговараат, Карлос Бака добива нов клуб

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

– Изминатата година Џек Вилшер беше на позајмица во Борнмаут, сега се врати во Арсенал, но изгкеда дека Венгер повеќе не смета на него. Како потенцијални дестинации на англискиот репрезентативец се споменуваат Свонси и Сампдорија. (ОВДЕ)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– Официјално: Александар Коларов е нов фудбалер на Рома. (ОВДЕ)

– Од ден во ден се појавуваат нови информации за иднината на Бразлиецот Нејмар. Имено, неименуван извор открива дека Нејмар во овој момент само чудо може да го задржи во Барселона.(ОВДЕ)

– Големата желба на Пеп Гвардиола, Бенџамин Менди, со фотографија на Инстаграм го најави трансферот во редовите на „граѓаните“.

– Наводно, Алексис Санчез му соопштил на Венгер дека сака трансферво ПСЖ и дека веќе ги договорил личните услови со францускиот гигант. (ОВДЕ)

– Италијанските медиуми, пренесуваат дека Диего Коста бил понуден на екипата на Интер, но Лучијано Спалети одбил да го доведе Бразилецот во своите редови. (ОВДЕ)

– Фудбалерот на Ливерпул, Емре Џан, наводно ги договорил личните услови со тимот на Јувентус. Сепак, останува потешкиот дел од работата, договорот помеѓу двата клуба, „старата дама“ е спремна да понуди 30 милиони евра за фудбалерот од средината на теренот. (ОВДЕ)

– Oфицијално: Бразилецот од редовите на Реал Мадрид, Данило, потпиша договор со екипата на Манчестер Сити. (ОВДЕ)

– Иако Лестер ја одби првата понуда од Рома за Ријад Марез која изнесуваше 23 милиони евра, „волчицата“ спрема нова, додека во Лестер очекуваат понуда од 30 милиони евра.

Филипе Кутињо утрово е главна тема во медиумите во Англија. „Дејли Мејл“ и „Мирор“ пренесуваат дека Барса е спремна да го доведе Бразилецот со цел да го убеди Нејмар да остане во клубот. Се очекува Каталонците да испратат понуда од 90 милиони евра.

– Алжирецот Софијан Фегули би можел да заврши во Рен или Галатасарај. Во овој момент изгледа дека е поблиску до преселба во Франција

– Од Франција пристигнуваат информации дека Интер започнал преговори со левиот бек на Ница, Далбер, сумата која се споменува за овој трансфер изнесува 30 милиони евра.

– Фенербахче се враќа по Лукас Перез. Шпанецот кој не се прослави во Арсенал, некое време беше во контакт со турснскиот гигант, но тој контакт беше прекинат. Депротиво се обидуваше даго врати во татковината, но понудата од Турција е далеку посериозна.

– Интересна вест пристигнува од Англија. Жозе Мурињо наводно е спремен да го доведе Марко Верати на „Олд Трафорд“. „Мирор“ пренесува дкеа Португалецот спрема понуда од 67 милиони евра и Ентони Марсијал.

– Челзи го сака новиот Дидие Дрогба. Се работи за 18 годишниот напаѓач на Монтреал. Балу Табла, сонародник на легендарниот напаѓач на Челзи.

– Според последните информации Карлос Бака е пред трансфер во Олимпик Марсеј, „росонерите“ од овој трансфер се очекува да заработат 15 милиони евра. (ОВДЕ)

– „Газете дало спорт“ пренесува дека Јувентус и дефинтивно се откажа од услугите на Немања Матиќ. Фудбалерот во овој момент повторно е блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.

– Милан и Баерн никако не успеваат да постигнат договор околу цената за која Ренато Санчез би се преселил, на „Сан Сиро“, иако е многу веројатно дека фудбалерот во Милано најпрво би пристигнал на едногодишна позајмица.

– Агентот на фудбалерот на Интер, Антонио Кандрева, истакна дека неговиот клиент, најверојатно и наредната сезона ќе го носи дресот на „нероаѕурите“.

– БОМБА: Ливерпул и Лајпциг постигнаа договор за Наби Кеита. „Црвените“ за играчот за врска ќе платат 75 милиони фунти (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…