Дома Топ вести Трансфери во живо: Пеп одбиен и втор пат, Барса го губи Иниеста, Дефрел претставен во Рим!

Трансфери во живо: Пеп одбиен и втор пат, Барса го губи Иниеста, Дефрел претставен во Рим!

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите сулучувања на трансфер пазарот.

-Чилеанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Интер е спремен да понуди 60 милиони евра за Артуро Видал (ОВДЕ).


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


– Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери не крие дека раководството на „светците“ е заинтересирани во своите редови да ја донесе ѕвездата на Барселона, Нејмар.

– Германските медиуми пренесуваат дека Волфсбург е заинтересиран да го донесе на позајмица напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал. За него инетрес покажуваат уште Интер и Рома, но „црвените ѓаволи“ сакаат да го пуштат на едногодишна позајмица без право на откуп.

– Официјално: Матија де Шиљо е нов фудбалери на Јувентус. „Старата дама“ за неговиот потпис му плати на Милан 12 милиони евра.

– Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е сериозно заинтересиран за играчот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и дека веќе спремил примамлива понуда (ОВДЕ).

– „Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан не се откажува ни од Калиниќ, ни од Белоти и дека сигурно еден од двајцата ќе пристигне на „Сан Сиро“, а можно е да пристигнат и двајцата заедно.

Марко Верати вчера официјално потврди дека негов нов менаџер ќе биде Мино Раиола, а веќе денес „Екип“ пренесува дека Италијанецот наскоро ќе потпише нов, побогат договор со ПСЖ.

– Торино како замена за Белоти го сака Џовани Симеоне од Џенова и е спремен да пониди 20 милиони евра за Аргентинецот.

– Вест Хем постигна договор со Чичарито и наскоро ќе започне преговори за Леверкузен за трансфер на Мексиканецот кој би требало да изнесува околу 20 милиони евра.

Кеита Балде е жешка трансфер тема во Италија. Напаѓачот на Лацио е трансфер мета на Интер и Јувентус, но последните информации велат дека Вест Хем понудил 27 милиони евра и дека Лацио е спремен да ја прифати понудата. Сепак, Кеита сака да остане во Италија и да потпише за некој од двата италијански гиганти.

– Ватфорд испрати понуда до Лион за младиот напаѓач, Макс Корне од 12 милиони евра, но францускиот клуб експресно ја одби понудата.

– Гвардиола не мисли за запре со засилувањата за новата сезона и планира да донесе уште четири нови фудбалери на „Етихад“ ова лето (ОВДЕ)

– Барселона има „пеколен“ план во случај Нејмар да замине во ПСЖ. Каталонците ќе донесат две големи ѕвезди и ќе му зададат удар на Реал Мадрид (ОВДЕ)

– Монако ја одби понудата на Манчестер Сити од 44,5 милиони фунти за левиот бек Бенџамин Менди. Англиските медиуми пренесуваат дека клубот од „кнежевството“ бара 50 милиони фунти (60 милиони евра) за неговата слобода.

– Официјално: Реал Мадрид го претстави Дани Себаљос како ново засилување!

– Манчестер Јунајтед сака до крајот на преодниот рок да донесе десен бек, а прва мета на Мурињо во моментов е Серж Орие од Пари Сент Жермен.

– Ајакс на чекор до големо засилување. Холандскиот гигант понуди 13 милиони евра плус бонуси за ѕвездата на Флуминенсе, Ричарлсон. За бразилскиот напаѓач интерес покажаа уште Милан и Интер.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Александар Коларов е на чекор до трансфер во Рома. Двата клуба постигнаа договор за едногодишна позајмица, а следното лето „волчицата“ е обвзарана да го откупи договорот за 7 милиони евра.

Габигол пред изгледа дека конечно пронајде клуб, турските медиуми пренесуваат дека Фенербахче договорил позајмица на Бразилецот кој минатото лето беше најавуван како големо засилување за Интер, а ова лето не може да пронајде клуб

– Бразилецот Додо од редовите на Сампдорија е пред враќа во татковината, интерес за неговиуте услуги покажа тимот на Сао Паоло.

– Француски Монако ја одби и втората понуда од Манчестер Сити за Бенџамин Менди. Денес беше одбиена понудата од 50 милиони евра. После ова се очекува Гвардиола своето внимание да го сврти кон Рајанд Бертранд од Саутемптон.

– Официјално: Грегори Дефрел нов фудбалер на Рома (ОВДЕ).

– Бомба од Шпанија! Андрес Иниеста би можел ова лето да ја напушти Барселона и да се пресели во редовите на Интер. Наводно Иниеста веќе неколку недели размислува за понудата од италијанскиот клуб.

– Oфицијално: Глен Вилан го напушти Стоук и се пресели во Астон Вила.

Федерико Бернардески работите ги превзема во свои раце и јасно и стави до знаење на Фиорентина дека сака трансфер во Јувентус. Имено, фудбалерот одби да се приклучи на припремите на клубот од Фиренца.

Александар Коларов пред трансфер во Рома. Србинот во Рим пристигнува како позајмен фудбалер, со тоа што „Волчицата“ ќе има обврска да го откупи неговиот договор идното лето. (ОВДЕ) 

 

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дебакл за Англичаните во Европа: Во полуфиналињата останаа само со еден тим и тоа во Конференциската лига!

Mногумина ќе кажат дека Премиер лигата е најдобрата лига во светот, меѓутоа сезонава во ев…