Дома Топ вести Трансфери во живо: Барса има нов план за Кутињо, Јуве го сака дуото на Лацио, Милан со нова понуда за Обамејанг

Трансфери во живо: Барса има нов план за Кутињо, Јуве го сака дуото на Лацио, Милан со нова понуда за Обамејанг

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

-Англиските медиуми пренесуваат дека Антонио Конте е силно заинтересиран за Ренато Санчез и дека во наредните денови ќе испрати понуда до Баерн Минхен (ОВДЕ).


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


-Барселона има нов план како да го убеди Ливерпул да го пушти Кутињо. Имено Каталонците се спремни во трансферот да го вклучат и Иван Ракитиќ, покрај одредена сума во кеш.

-Италијанските медиуми тврдат дека доколку Барселона испрати понуда од 120 милиони евра за Пауло Дибала, Јувентус нема да може да ја одбие. Во тој случај „старата дама“ за 90 милиони евра ќе го купи дуото на Лацио, Кеита – Сергеј Милинковиќ Савиќ.

-Синиша Михајловиќ уште една потврди дека Андреа Белоти ова лето нема да оди никаде и ќе остане во Торино.

Нејмар сеуште е главна тема во спортските медиуми, а последната информација е дека Бразилецот нема да се врати во Шпанија со остатокот од тимот (ОВДЕ)

Леандер Дендонкер е трансфер цел на Манчестер Јунајтед и Милан. Играчот за врска на Андерлехт посено ќе биде следен вечерва на мечот против Антверпен, каде ќе присуствуваат скаути на овие два клуба.

-Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино е силно заинтересиран за играчот за врска на Евертон, Рос Баркли. „Карамелите“ потврдија дека играчот е на продажба и дека може да замине, па сега останува „спарси“ да испратат адекватна понуда.

-Трасферот на Мбапе во Реал Мадрид е една од најжешките трансфер теми ова лето. Постојано се појавуваат нови информации, па видете ОВДЕ до каде е ситуацијата.

-Баерн Минхен категорично демантираше дека постои било каква шанса Артуро Видал да го напушти клубот ова лето. За Чилеанецот интерес покажа Интер кој беше спремен да понуди 50 милиони евра.

-Тутоспорт пренесува изјава од генералниот директор на Јувентус, Бепе Марота кој тврди дека Пауло Дибала нема да го напушти клубот по никоја цена и дека „бјанконерите“ ќе ја одбијат секоја понуда која што ќе пристигне на нивна адреса.

-Официјално: Мидлсборо го комплетираше трансферот на 21-годишниот напаѓач Ешли Флечер кој доаѓа од Вест Хем за 8 милиони евра.

-Милан не се откажува од намерата да го донесе Пјер Емерик Обамејанг и во наредните денови ќе испрати нова понуда до Борусија Дортмунд.

Фиорентина испрати официјална понуда до Атлетико Мадрид од 6 милиони евра за потписот на Матијас Краневитер.

-Напаѓачот на Еспањол, Фелипе Каиседо пристигна во Рим на медицински прегледи и наскоро официјално ќе стане нов играч на Лацио.

-Официјално: 24-годишниот Аргентинец, Рикардо Чентурион е нов играч на Џенова. Офанзивниот играч за врска доаѓа од Сао Паоло за 3,5 милиони евра.

-Уругваецот Матијас Весино од Фиорентина е новото засилување на Интер (ОВДЕ).

– Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито истакна дека понудата која Јувентус ја испратил за Кеита Балде е „срамна“ (ОВДЕ).

– Уште еден доказ дека трансферот на Нејмар во ПСЖ е пред реализација. Компанијата „Најк“ потврди дека Бразилецот ја откажал закажаната промоција поради трансферот (ОВДЕ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Себаљос се сели во Серија А

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека на лето може да…