Дома Трансфер зона Трансфери во живо: Барса го губи трпението, Реал одби 75 милиони за Ковачиќ, Конте го сака Кандрева

Трансфери во живо: Барса го губи трпението, Реал одби 75 милиони за Ковачиќ, Конте го сака Кандрева

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

-Мадридскиот весник „АС“ пренесува дека Јувентус понудил 75 милиони евра за Матео Ковачиќ, но Реал Мадрид кажал НЕ (ОВДЕ)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


-Антонио Конте не се откажува од Антонио Кандрева и е спремен да понуди 27 милиони евра за играчот на милански Интер.

-Готово: Тотенхем го доби посакуваното засилување. Давинсон Санчез од Ајакс пристигна за сума од 35 милиони евра и потпиша 6-годишен договор со „спарси“.

Јоветиќ е на излезна врата од Интер. Италијанските медиуми пренесуваат дека најсилен интерес за Црногорецот покажуваат Њукасл и Севиља.

Жоао Кансело веќе ја напушти Валенсија и денес ќе пристигне на медицински прегледи во Милано. Португалецот ќе биде на едногодишна позајмица во Интер, а во спротивен правен „нероаѕурите“ го испратија Жефри Кондогбија.

-Готово: Фиорентина ја прифати понудата на Милан за Никола Калиниќ и напаѓачот се очекува утре да пристигне во Милано на медицински прегледи (ОВДЕ).

-Ливерпул ја одби и последната понуда на Барселона „тешка“ 125 милиони евра за Кутињо. Каталонците го губат трпението и веќе припемаат „план Б“ (ОВДЕ).

-Англиските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед ќе го пушти Давид де Геа следното лето во Реал Мадрид, само доколку успее да го донесе Џанлуиџи Донарума.

-Манчестер Сити е заинтересиран за екс дефанзивецот на Јунајтед, Џони Еванс.

-Челзи за слободата на Диего Коста бара 50 милиони фунти, но Атлетико Мадрид е спремен да понуди најмногу 30 милиони фунти.

-Претседателот на Лацио, Лотито призна дека Милан има најголема понуда за Кеита Балде „тешка“ 35 милиони евра, додека Јувентус понудил само 15 милиони евра. Играчот сака да се пресели во Торино, но „бјанконерите“ ќе треба да ја зголемат понудата.

-Арсенал го обнови интересот за играчот на Јувентис, Хуан Квадрадо. „Старата дама“ е спремна да го пушти Колумбиецот и за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…