Дома Топ вести Трансфери во живо: Барса ги потврди Кутињо и Дембеле, Мангала и Кансело во Интер…

Трансфери во живо: Барса ги потврди Кутињо и Дембеле, Мангала и Кансело во Интер…

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

-Вест на денот е секако потврдата од спортскиот директор на Барселона, Сегура кој изјави дека Филипе Кутињо и Осман Дембеле се блиску до трансфер на „Камп Ноу“ (ОВДЕ).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– НЕВЕРОЈАТНО: Барселона имала можност да го донесе Марко Асенсио за само 4,5 милиони евра, но на крајот му го „подари“ на Реал Мадрид (ОВДЕ).

Вирџил ван Дијк е во Лондон, што додатно ги засили шпекулациите дека дефанзивецот на Саутемптон е блиску до трансфер во Челзи.

– Ситуацијата околу Диего Коста никако да добие разврска. Напаѓачот сака по секоја цена да се врати во Атлетико Мадрид, а на Островот пренесуваат дека Евертон се вклучил во трката за неговиот потпис.

– Интер и Валенсија договорија размена на играчи. Жоао Кансело ќе се пресели на „Џезепе Меаца“ додека шпанскиот тим ќе го добие Жефри Кондогбија. (ОВДЕ)

Матуиди ги помина лекарските прегледи и официјално стана нов фудбалер на Јувентус.

– Милан не се откажува од Ренато Санчез и во следните денови ќе испрати нова понуда до Баерн Минхен. Медиумите пренесуваат дека „росонерите“ веќе имаат договор со Португалецот.

– Лацио и Де Вриј постигнаа договор за продолжување на соработката. Холандскиот дефанзивец во договорот ќе има откупна клаузула од 25 милиони евра.

– Напаѓачот на Милан, Мбаје Нианг е многу блиску до трансфер во Спартак Москва. Рускиот клуб понуди 20 милиони евра за неговиот потпис, а „росонерите“ ја прифатија понудата.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е многу блиску до доведување на Ејекум Мангала. Дефанзивецот ќе пристигне на едногодишна позајмица од Манчестер Сити.

– После неуспехот со Ријад Марез, Рома ќе се насочи кон Хуан Квадрдадо од Јувентус. „Старата дама“ нема проблем да го пушти Колумбиецот, но бара 30 милиони евра.

– Арсен Венгер уште еднаш потврди дека Алексис Санчез нема да го напушти „Емирати“ ова лето и покрај фактот што нема да го продолжи договорот и следното лето ќе замине без обештетување.

– Манчестер Јунајтед потврди дека Златан Ибрахимовиќ е многу блиску до потпишување на договор и следната сезона најверојатно повторно ќе го носи дресот на „црвените ѓаволи“. (ОВДЕ)

– Фиорентина денес го комплетираше трансферот на Џовани Симеоне од Џенова за 18 милиони евра. Напаѓачот теба да биде замена за Никола Калиниќ кој ќе се пресели во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Италијанските гиганти го сакаат дефанзивецот на Челзи

Рома и Наполи се силно заинтересирана за младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба, прене…