Дома Топ вести Трансфери во живо: Барса во акција, Милан спрема „бомба“, ПСЖ се откажа од Мбапе

Трансфери во живо: Барса во акција, Милан спрема „бомба“, ПСЖ се откажа од Мбапе

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

– Главната трансфер вест на денот ја пренесува Националната телевизија на Чиле и тврди дека Милан испратил „мега понуда“ за Артуро Видал од Баерн Минхен (ОВДЕ).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– Антонио Конте не е задоволен од решенијата кои ги има во нападот, па до крајот на преодниот рок сака да го донесе Андреа Белоти од Торино. Играчот има откупна клаузула од 100 милиони евра (ОВДЕ).

-Пропадна трансферот на Емре Мор во Интер. Тоа денес го потврди директорот на Борусија Дортмунд Михаел Цорк, кој изјави дека преговорите се прекинати и трансферот нема да се реализира.

-Официјално: Хесе Родригез е нов фудбалер на Стоук. Поранешниот играч на Реал Мадрид пристигна на едногодушна позајмица од ПСЖ во англискиот клуб.

– Шпанските медиуми тврдат дека Барселона е спремна во понудата за Кутињо да го вклучи и хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ, кој е голема желба на Ливерпул.

– Медиумите ширум Европа тврдат дека ПСЖ се откажал од намерата да го донесе Килијан Мбапе од Монако. Сопственикот на ПСЖ стравува од санкции на УЕФА и го стопирал трансферот (ОВДЕ).

– Се очекува Барселона во наредните неколку дена да го реализира трансферите на Филипе Кутињо и Осман Дембеле. Иако нивните клубови се противат, играчите се цврсто решени да се преселат на „Камп Ноу“. (ОВДЕ)

– Атлетико Мадрид пронајде клуб каде што ќе може да го „остави“ Диего Коста до јануари. Познато е дека „јорганџиите“ не можат да регистрираат нови фудбалери до јануари, а Депортиво се клубот кој сака да го донесе напаѓачот на позајмица до крајот на годината.

– „Скај Италија“ пренесува дека Милан и Фиорентина ги договараат последните детали и дека наскоро Никола Калиниќ и официјално ќе стане нов играч на „росонерите“.

Карлос Бака денес го комплетираше трансферот во Виљареал. Колумбиецот пристигнува на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето за 18 милиони евра.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Спартак Москва е силно заинтересиран за играчот на Милан, Мбаје Нианг и во наредните денови ќе успрати официјална понуда од 18 милиони евра.

-Од Островот пристигнува информација дека конечно е постигнат договор за трансфер на Сигурсон во Евертон. „Карамелите“ за неговиот потпис на Свонси ќе му платат 50 милиони евра.

-Јувентус е во потрага по квалитетен играч за врска, а последното име кое се поврзува со „старата дама“ е Маруан Фелаини од Манчестер Јунајтед.

– Англиските медиуми информираат дека Тотенхем го договорил трансферот на Серж Орие од ПСЖ. „Спарси“ за десниот бек ќе платат 22 милиони евра.

– Валенсија и Интер се блиску до договор за размена на играчи. Имено, Кондогбија ќе се пресели на „Местаља“, а во спротивен правец ќе пристигне десниот бек Жоао Кансело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…