Дома Топ вести ТОП 5 најскапи трансфери во летниот трансфер период

ТОП 5 најскапи трансфери во летниот трансфер период

Летниот трансфер период е во тек, а секојдневно најголемите европски медиуми донесуваат информации во врска со трансфери на играчите.

Иако трансфер период само што започна, а големите трансфери треба допрва да ги очекуваме, клубовите веќе потрошија огромнa сума на пари за доведувања на засилувања.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Листата од пет најскапи засилувања во летниот трансфер период ја предводи Александре Лаказет, кој од Лион се пресели во Арсенал. Лондонскиот клуб за францускиот напаѓач одвои 53 милиони евра, што за сега е рекорден трансфер ова лето. Нешто помалку платен е Бернандо Силва, кој од Монако се пресели во Манчестер Сити, а „Граѓаните“ одвоија дури 50 милиони евра.

На третото место е Мухамед Салах. Крилниот фудбалер од Египет дресот на Рома го замени со дресот на Ливерпул, а неговиот потпис чинеше 42 милиони евре. Потоа следува трансферот на Корентин Толисо од Лион во Баерн, а Баварите платија 41,5 милион евра.

Манчестер Сити за Едерсон плати 40 милиони евра, а тој на „Етихад“ пристигна од Бенфика.

Денеска беше потврдено дека Лукаку од Евертон се сели во Манчестер Јунајтед. Неговата цена се шпекулира околку 75 милиони, што секако засега е најскапиот трансфер ова лето, но се уште нема никаква потврда за сумата на трансферот, така да ќе мора да почекаме уште неколку дена за да ја дознаеме вистинската сума на трансферот .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …