Дома Останати Тешки зборови: „Зарем не гледате како изгледа“ – Настасе ја обвини Серена за допинг

Тешки зборови: „Зарем не гледате како изгледа“ – Настасе ја обвини Серена за допинг

Некогаш најдобриот тенисер на светот, Илие Настасе, ја обвини Серена Вилијамс за допинг.

Романецот кој во 1973 година беше светски рекет број 1 и сопственик на седум Грен Слем титули, за порталот Digisport.ro, ја коментираше суспензијата на руските спортисти од минатите години, директно прозивајќи ја една од најдобрите тенисерки на светот на сите времиња.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Имиџот на Русија во светот многу трпеше поради допинзите, но сè е целосно јасно кога е во прашање Серена Вилијамс. Зарем не гледате како изгледа таа? Никој не ги контролира Американците. Кога би се дознала вистината за сите, големите турнири би исчезнале, спонзорите би се откажале. Не можете ниту да го замислите тоа“, изјави Настасе.

Минатата година, група руски хакери под името Fancy Bears, објавија дека Серена Вилијамс зема недозволени супстанци, но никогаш не паднала на допинг тест.

Од друга страна, Марија Шарапова беше казнета бидејќи земала мелодин кој од почетокот на 2016 година е ставен на листата на забранети супстанци, а таа не го знаела тоа. Марија беше казнета со две години суспензија, но казната дополнително беше намалена за девет месеци, па убавата Русинка се враќа на тениските терени овој месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…