Дома Останати Кошарка Тепачка на тренингот на Чикаго Булс, Миротиќ „нокаутиран“ и пренесен во болница!

Тепачка на тренингот на Чикаго Булс, Миротиќ „нокаутиран“ и пренесен во болница!

Чикаго новата сезона во НБА лигата ја дочекува во катастрофално лоша атмосфера…

Имено на последниот тренинг на Булсите дошло до физичка пресметка помеѓу Никола Миротиќ и Боб Портис, после што Миротиќ завршил и во болница.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Црногорецот кој настапува за Шпанија го извлекол „подебелиот“ крај, Портис го удрил директно во лице во гужвата која настанала на тренингот, клубот ја потврди оваа вест и најави санкции и за двајцата кошаркари.

Миротиќ кој требаше да биде еден од главните „алки“ на ослабените Булси оваа сезона, веројатно го чека подолга пауза бидејќи заработил скршеница на коската на лицето.

Како што пренесуваат американските медиуми, Портис го нокаутирал Миротиќ кој лежел на паркетот неколку минути, а потоа бил пренесен во болница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатна партија на Јокиќ, погледнете го лудилото по кошот за победа на Денвер

ДЕНВЕР НАГЕТС се вратија од негатива од 20 поени во третата четвртина и го победија Лос Ан…