Дома Топ вести Студена војна меѓу Роналдо и Зидан – ова се причините!

Студена војна меѓу Роналдо и Зидан – ова се причините!

Шпанските медиуми пренесуваат дека првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо не е во добри односи со тренерот Зинедин Зидан.

Една од причините е што Роналдо сака да игра на секој натпревар и не се согласува со методот на ротација на Зизу. Медиумите тврдат дека Французинот безуспешно се обидува да му докаже дека тоа што го одмараше минатата сезона на некои натпревари беше клуч за Португалецот сезоната да ја заврши во одлична форма.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во целата ситуација се замешал и претседателот Перез кој е на страната на Зидан. Тој верува дека Роналдо е веќе во зрели години и дека треба да се чува за најважните натпревари.

Сепак, многу поголем проблем е трансфер политиката на која Роналдо има огромно влијание. Се погласни се шпекулациите дека Португалецот го стопирал трансферот на Мбапе, а претходно и на Погба. Исто така не го сака ни Кавани, ни Санчез во тимот, а сега се појави неспоразум и околу голманот.

„Дон Балон“ пренесува дека Роналдо го притиска Перез да го донесе Де Геа од Манчестер Јунајтед, но Зидан се спротиставува на тоа. Тој смета дека Навас бранеше одлично минатата сезона и дека нема потреба да се доведува нов голман.

Во секој случај, ваквите информации испливуваат кога работите не одат на добро, а Реал имаше лош старт на сезоната и заостанува 7 бода зад Барселона.

Дали ова е вистина ќе покаже времето, но каде што има чад има и оган!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…