Дома Топ вести Страв и трепет: Вака треба да изгледа новата Барселона!

Страв и трепет: Вака треба да изгледа новата Барселона!

Барселона во новата сезона ќе тргне со нов тренер на клупата, а ова лето сигурно ќе се случат значајни промени и во играчкиот кадар.

Медиумите пренесуваат дека Барселона во летниот преоден рок ќе донесе три или четири засилувања, но станува збор за фудбалери кои веднаш можат да бидат стартери на „Камп Ноу“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најголем приоритет на Каталонците е играчот на Арсенал, Хекор Белерин кој би требало да го реши проблемот со десната бековска позиција, која беше најпроблематична минатата сезона.

Средниот ред секогаш бил најсилната точка на Барселона и нешто од кое противниците трепереле, но минатата сезона Каталонците имаа проблем во редот за врска. Иниеста веќе не е оној стариот, а новите засилувања Андре Гомез и Денис Суарез не се покажаа како вистински погодок.

Поради тоа Барса сака да донесе еден играч од светска класа, а најголема желба е италијанскиот плејмејкер Марко Верати за кого Каталонците се спремни да платат 80 милиони евра.

Медиумите пренесуваат дека новиот тренер, Ернесто Валверде спремил нова улога за Лео Меси, па тој во новата сезона треба да биде врска меѓу средниот ред и нападот. Поради тоа Барса е во потрага по еден крилен напаѓач, а најголема желба е ѕвездата на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле.

Вака треба да изгледа Барселона следната сезона со новите засилувања:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…