Дома Фудбал Репрезентации Статистиката НЕ лаже – Аргентина БЕЗ Меси е во рангот на Боливија?!

Статистиката НЕ лаже – Аргентина БЕЗ Меси е во рангот на Боливија?!

Кога ќе го прочитате следниов текст можете да констатирате дека статистиката е како „бикини“, покажува се, но не открива ништо, но сигурно и ќе се запрашате дали навистина е можно да бидат волку лоши?

Не, не е грешка, Аргентина веќе една година не постигнала гол во официјален нтатпревар, а стрелец да не бил Лионел Меси. За тој период одигра две третини од квалификациите, 11 натпревари. Против Венецуела, Меси не беше стрелец на сите голови, но противничкиот играч си постигна еден погодок.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Последнито гол кој го постигнал фудбалер на Аргентина, а тоа да не било дело на Меси го постигна Прато, против Колумбија пред нешто помалку од една година.

Аргентина освојува 0.75 бодови кога Меси не игра. Доколку останеше на одлуката после поразот во Копа Америка да се повлече од репрезентација, без неговите голови би завршиле на деветото место во квалификациите, покрај Боливија и Венецуела тие се најлошиот тим во Јужна Америка.

Претседателот Клаудио Тапи веднаш после натпреварот и хет-трикот против Еквадор му честиташе на Меси. Во Буенос Аирес полицијата беше подготвена, се очекуваа огромни немири доколку „гаучосите“ не се пласираа на Мундијалот.

„Играм за тимот, не за индивидуална слава“, изјави Меси после натпреварот, а во јавноста повеќе се зборуваше за него отколку за пласманот на Аргентина на Мундијалот.

Ако се гледа календарската година, тој за Аргентина и Барса на 49 натпревари постигна 49 погодоци.

Аргентина без Меси како што кажавме освои осум бодови на шест натпревари иако и без него тие го имаат еден од најскапите тимови во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…