Дома Трансфер зона „Старата дама“ на шопинг во Валенсија

„Старата дама“ на шопинг во Валенсија

Според последните информации кои пристигнуваат од Апенините, Јуве се откажа од Дармиан и се фокусира на доведувањето на Португалецот од Валенсија.

Италијанските медиуми пренесуваат дека шампионот на Италија е заинтересиран за Жоао Кансело.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со неговото доаѓање би се пополнила дупката на десниот бек по заминувањето на Дани Алвеш во ПСЖ, пишува „Calciomercato“. Кансело е во Валенсија од 2015. година и важи за еден од најталентираните играчи во светот на својата позиција. Неговата цена на пазарот се проценува на околку 25 милиони евра.

Јуве за сериозен конкурент ќе го има Тотенхем, кој остана без Кајл Вокер ова лето, но „Старата дама“ смета и на добрите односи со „лилјаците“, со тоа што веќе постигнаа еден договор ова лето.

Потсетуваме дека долгогодишната резерва на Буфон, Нето се пресели во Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…