Дома Фудбал Германија „Стаклениот Германец“ – Ројс половина година надвор од терените!

„Стаклениот Германец“ – Ројс половина година надвор од терените!

rojs

Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе паузира најмалку шест месеци поради повреда на предните вкрстени лигаменти со која се здоби на финалето од Купот против Ајнтрахт.

„Мора да се консултирам со лекарите. После натпреварот имав болки, но можеби лигаментите се само истегнати, а не скинати“, истакна Ројс.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, после деталните прегледи прогнозите не се добри, а медиумите тврдат дека повредата е тешка и Ројс ќе мора на подолга пауза.

Така Германецот после пропуштањето на Светското првенство во 2014 година и Европското првенство минатата година ќе пропушти уште едно големо натпеварување – Купот на кофедерации ова лето.

Ројс пристигна во Дортмунд во 2012 година, за „милионерите“ одигра 125 натпревари на кои постигна 56 гола, но во последните две години повеќе е повреден отколку здрав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Вакво нешто во Серија А не се случило повеќе од половина век

Интер вчера со победата против Милан го потврди Скудетото кое го освои заслужено по сезона…