Дома Луд Спорт Сплотени во маката: Торцида и Бед Блу Бојс со здружени сили гасат пожари во Хрватска

Сплотени во маката: Торцида и Бед Блу Бојс со здружени сили гасат пожари во Хрватска

Прекрасната Далмација гори. Иако пожарите таму, во летниот период, не се ништо ново, сепак, оваа година убавиот предел го претворија во пекол. Е сега, среќа во несреќа е убавата вест за обединување на навивачите од цела Хрватска коишто спремни излегле на терен (не на фудбалски, туку кај пожарите), да помагаат на локалното население.

Најмногу се зафатени Омиш и Сплит а силината на пожарите е толку голема и опсежна што Американската вселенска агенција NASA објавила фотографија од вселената од која се гледа црн чад од пожарот на Мосор.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пожарникарите во прв миг ја одбиле понудата на Торцида, но пожарот немал намера да застане па секоја помош била добредојдена особено што околу 384 пожарникари со 102 пожарникарски возила не се доволни да се изборат со неверојатните пожари.

Ведаш по апелот на навивачите на Хајдук Сплит по социјалните мрежи, преку 400 припадници на Торцида набрзо дошле на збирното место а групата организирала и автобуси, комбиња и автомобили до реоните зафатени од огнена стихија. По нив кон Југот се упатиле и членови на Бед Блу Бојс кои исто во текот на вечерта се организирале, а дошле и членови на Торнадо, навивачката група на Задар и Ултраси од Винковац.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Змија прекина меч во Србија, го гризна и судијата🎥

На натпревар од градската фудбалска лига во Србија, помеѓу Горно Синковце и Радник Шишинац…