Дома Останати Авто Мото Со најбрз круг во историјата на трката – Хамилтон недостижен на Силверстон

Со најбрз круг во историјата на трката – Хамилтон недостижен на Силверстон

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон со доминантно возење ја освои трката за Големата награда на Велика Британија, која во неделата се возеше на патеката во Силверстон. И покрај победата на Хамилтон, возач на трката е неговиот колега Валтери Ботас, кој стартуваше од деветтата позиција, а на крајот заврши на второто место.

Хамилтон во целта оствари време 1:21:27.430 часа и успеа да собори неколку рекорди. Тој го извози најбрзиот круг во историјата на британското гран при (1:30.621 минути). Вчерашната победа му беше четврта во низа на Силверстон, а вкупно петта во кариерата (2008, 2014, 2015, 2016, 2017) со што се израмни според бројот на победите на оваа патека со легендарните Џими Кларк и Алан Прост.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Хамилтон на трката само ја потврди доминацијата на Мерцедес овој викенд на Силверстон, имаше одличен старт не им дозволи на конкурентите да го нападнат, механичарите прецизно си ја изработеа својата работа во боксот, а трката Британецот ја возеше без грешка.

Блескаше и неговиот тимски колега Ботас, кој стартуваше како деветти, а на крајот заврши на второто место. Финецот, во последните осум круга успеа да ги мине двајцата возачи на Ферари, Фетел и Раиконен, кои беа пред него.

Трката која беше беспрекорна за Мерцедес, на крајот се претвори во вистински кошмар за Ферари.

Во претпоследниот круг настрада десниот преден пневматик, но тој успеа некако да стигне до третото место, а во последниот круг експлодира левиот преден пневматик на болидот на Себастијан Фетел. Германецот ги посети своите механичари и на крајот го освои седмото место.

Пред оваа трка Фетел имаше 20 поени предност во однос на Хамилтон, а по Силверстон Германецот има само поен повеќе од Британецот.

Покрај Хамилтон, Ботас и Раиконен бодови на ГН на Велика Британија освоија Ферастапен, Хулкенберг, Рикардо, Фетел, Окон, Перез и Маса.

Во генералниот пласман Фетел има 177 бодови, еден повеќе од Хамилтон, трет е Ботас со 154, а на четвртата позиција е Рикардо со 117 бодови.

Кај конструкторите води Мерцедес со 330 бодови, Ферари има 275, а Ред Бул 174.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Олимпискиот оган тргна кон Париз! 🎥

На свечена церемонија денеска во античка Олимпија беше запалена оганот кој тргна кон Париз…