Дома Видео Со дресови и членски од Арсенал пробаа да влезат на „Емирати“: Навивачите на Келн го „запалија“ Лондон

Со дресови и членски од Арсенал пробаа да влезат на „Емирати“: Навивачите на Келн го „запалија“ Лондон

Екипата на германски Келн прави сефте во после 25 години на едно европско фудбалско клупско натпреварување, па поради тоа нивните навивачи во огромен број да отпатуваат на првиот гостински натпревар од групната фаза во Лигата на Европа во Лондон каде што вечерва играат против Арсенал.

За гостите биле обезбедени 2.900 билети, но во Лондон пристигнале околу 30.000 германски навивачи на Келн со огромна желба да го проследат натпреварот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според пишувањата на британските медиуми, навивачите на Келн почнале да купуваат билети наменети за домаќините, а откако ги спречиле во тоа започнале да се регистрираат и за членски карти од Арсенал.

Поради тој хаос натпреварот беше одложен за цел час, откако од Арсенал најавија дека нема да ги пуштаат гостинските навивачи да се мешаат со фановите на Арсенал, што било и причина германците да започнат да купуваат и дресови од Арсенал, само за да влезат на стадионот.

Натпреварот започна еден час подоцна од планираното, а трибините на „Емирати“ беа преполнети со фанови на Келн, дури и во делот каде што требаше да седат фановите на Арсенал, кои неуморно пееја и го бодреа својот тим, кој пак на полувремето водеше со 0-1, но сепак на крајот загуби со 3-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…