Дома Луд Спорт Сопругата и двете ќерки на Гвардиола избегнале трагедија за влакно

Сопругата и двете ќерки на Гвардиола избегнале трагедија за влакно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази сочуство до семејствата на жртвите во терористичките напади.

Во Манчестер синоќа во терористички напад загинаа најмалку 22 лица, додека 59 лица се повредени. Се тврди дека и самиот напаѓач погинал во експлозијата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Медиумите во Англија денеска објавија дека недалеку од местото каде што се случил страшниот настан била и сопругата на Гвардиола, како и двете ќерки.

За среќа, тие поминаа без повреди, а ширум светот денеска стигнуваат зборови на поддршка за Манчестер. Сочуство до семејствата на жртвите изразија и многу личности од спортот.

Потсетуваме дека денешниот тренинг во Манчестер Јунајтед започнал со едноминутно молчење, додека е откажана и прес-конференцијата која требаше да се одржи вечерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Дани Алвеш може да биде ослободен за неколку дена

Поранешниот фудбалер Дани Алвеш, неодамна беше неправосилно осуден на четири и пол години …