Прес службата на репрезентацијата на Чиле направи (не)намерна грешка при објавувањето на списокот на играчи за Купот на кофедерации кој во јуни ќе се игра во Русија.
Имено, покрај името на Алексис Санчез не беше наведен неговиот актуелен клуб Арсенал, туку Баерн Минхен!
Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓
Англиските и германските медиуми веќе подолго време шпекулираат дека Чилеанецот ова лето ќе се пресели во Баварија, некои тврдат дека трансферот е веќе договорен, а ова е само доказ за тоа.
Санчез оваа сезона одигра 50 натпревари во дресот на „топџиите“ во сите натпреварувања и постигна 29 гола со 13 асистенции.