Дома Фудбал Останато Случајност или не: Знаете ли кој го повредил Нејмар?

Случајност или не: Знаете ли кој го повредил Нејмар?

Што се случува во ПСЖ? Нејмар и Кавани се во конфликт и тоа е јасно.

Бразилецот и Уругваецот не се во добри односи откако, Кавани му порачал на Нејмар дека „не е Меси“ и дека не може да ги изведува пеналите. ПСЖ во последното коло од француското првенство одигра само 0:0 против Монпеље.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На овој натпревар во составот не беше Нејмар и тоа бидејќи заработи повреда на тренинг и тоа од свој соиграч. Како што јавуваат странските медиуми, Бразилецот заработил удар од Хатем Бен Арфа, па поранешниот фудбалер на Барселона мораше да го пропушти натпреварот против Монпеље.

Бен Арфа наводно немал лоша намера, но сето тоа можеби говори за одредени проблеми и напнатоста која постои во ПСЖ, а останува да видиме како овие случувања ќе влијаат на утрешното дерби во Лигата на шампионите кога ПСЖ ќе игра против Баерн Минхен.

Нејмар веројатно ќе се најде во составот за овој натпревар, а Бен Арфа го изгуби своето место во тимот со доаѓањето токму на Нејмар и Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…