Дома Фудбал Англија Следеше жесток одговор: Не знам за Мурињо, но како јас ќе кажам така ќе биде

Следеше жесток одговор: Не знам за Мурињо, но како јас ќе кажам така ќе биде

Репрезентацијата на Белгија утре игра на домашен терен против Кипар во рамки на последниот меч од квалификациите за СП.

Белгија веќе изминатиот месец си го осигура првото место во групата и се пласораше во Русија, но избраниците на Роберто Мартинез сакаат со триумф да го заокружат овој циклус. Селекторот на „Црвените ѓаволи“ изјави дека ќе направи неколку промени во составот во однос на мечот во Сараево, но нема премногу да експериментира.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во составот судејќи по се ќе се најде и Ромелу Лукаку кој штотуку закрепна од повредата. Медиумите во Белгија објавија дека денес Жозе Мурињо во три наутро го повикал Мартинез и барал да го поштеди Лукаку, а вечерва стигна и одговор од предводникот на Белгија.

„Лукаку потполно е подготвен за натпреварот и ќе биде во конкуренција за почетниот состав. Не е вистина дека Мурињо ме повикал, не знам од каде ви е таа информација. Можеше тој да игра и во Сараево, но не беше 100% подготвен. Не слушам што другите кажуваат, ако кажам дека ќе игра, тоа така и ќе биде“, истакна Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…