Дома Македонски спорт Симона Заборска – најдобра на Премиер лигата во Истанбул

Симона Заборска – најдобра на Премиер лигата во Истанбул

Симона Заборска со седмото освено место го има најдобриот пласман од каратистите на Макпетрол кои викендот учествуваа на престижниот турнир од серија А на Премиер Карате Лигата во Истанбул.

Македонската каратистка настапи во категоријата -55 кг и забележа четири победи, а беше поразена од Сабина Захарова од Казахстан која со пласманот во финалето и овозможи да настапи во репасажот. Во мечот кој и овозможуваше борба за медал, Заборска загуби од Русинката Елизавета Лазарева со 0-4.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од другите каратисти на Макпетрол кои имаа забележителен настап, Петар Заборски оствари две победи и еден пораз, додека Наташа Стефановска -61 кг, се истакна со две победи и еден нерешен разултат 1-1, но не помина во наредното четврто коло, поради тоа што противничката прва освои поен.

„Задоволен сум од настапот на каратистите од Макпетрол. После овој турнир Симона Заборска, ќе има подобрување на своето бодовно салдо на ранг листат на Светската карате федерација кое се очекува да излезе за неколку дена. И таа заедно со Берат Јакупи, ќе бидат најверојатно најдобро рангирани Македонски каратисти-ки. Ние во Истанбул, учествувавме на едно многу квалитетно првенство и слободно може да се каже дека ова беше неофицијално светско првенство. Конкуренцијата беше огромна како никогаш до сега“, изјави селекторот Бошко Заборски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…