Дома Трансфер зона Симеоне: Јас останувам во Атлетико, Гризман може да си оди!

Симеоне: Јас останувам во Атлетико, Гризман може да си оди!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне отворено зборуваше за минатото, сегашноста и иднината како тренер на „јорганџиите“.

„После финалето во Милано долго размислував. Имав 35 милиони причини да си заминам. 35 милиони причини! Но, јас не заминав бидејќи не сакав. Сеуште се чувствував дел од овој клуб и од овој проект. Заклучив дека имам уште работа тука. Имам специјален однос со амбиентот тука и со раководството и сметам дека Атлетико го живее најдобриот момент во својата историја“, изјави Симеоне во интервју за „АС“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Веќе кажав, сигурно останувам тука и следната сезона. Кога дојдов во клубот пред пет и пол години тука имаше играчи како Хуанфран, Габи, Коке, Годин…сега е навистина впечатливо како играат младите Караско, Гризман, Кореа“.

„Гризман минатото лето ме праша: ’Ако останеш ти, останувам и јас’. Му одговорив дека останувам и тој донесе иста одлука. Сепак, не знам што ќе се случи ова лето, можеби ќе одлучи да ја промени средината“, заклучи Чоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…