Дома Останати Се јави и Надал: Ми се плаче, хаосот во Каталонија не смееше да се случи!

Се јави и Надал: Ми се плаче, хаосот во Каталонија не смееше да се случи!

По повод ситуацијата во Каталонија се јави тенисерот број еден во светот, Рафаел Надал.

Рафаел Надал истакна дека е навистина тажен поради политичката ситуација во Шпанија и референдумот во Каталонија, тој ги повика двете страни преку мирен пат да пронајдат заедничко решение.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанецот пред настапот во Пекинг истакна дека не разбира како дошло до таа поделба во неговата земја.

„Ми се плаче кога ќе видам што се случува, заедно бевме пример за целиот свет. Вчера на светот му испративме многу лоша слика за Шпанија. Изненаден сум и разочаран. Таквите работи не се решаваат со насилство, двете страни мораат да седнат и да пронајдат решение преку договор. Народот беше изманимулиран од поединци, а тоа предизвика хаос кој не смееше да се случи“, изјави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…