Дома Топ вести Се сликаше со дрес од Јувентус, сега е пред потпис во Интер

Се сликаше со дрес од Јувентус, сега е пред потпис во Интер

Интер се обидува да го добие потписот на напаѓачот на Сампдорија Патрик Шик на кого поради срцеви проблеми му пропадна трансферот во Јувентус.

Младиот репрезентативец на Чешка, Патрик Шик, ги договори сите услови за трансфер во Јувентус, но на медицинските прегледи било утврдено дека тој има одредени срцеви проблеми поради што италијанскиот шампион се откажа од трансферот кој требаше да „тежи“ 30 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откажувањето на Јувентус се обидува да го искористи Интер, кој наводно ги започнал преговорите со Сампдорија.

Клубот од Џенова, за напаѓачот кој минатата сезона постигна 13 голови на 35 натпревари во Серија А, бара 30 милиони евра.

Порад проблемите со срцето, Шик ќе мора да мирува еден месец, а потоа би требало да се појави во Милано на медицински прегледи. Доколку ги мине ќе потпише со Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тажна вест: Почина легендарниот Велибор Џаровски – Џаро, македонскиот „крал на местенките“

На 75-годишна возраст денеска по кусо боледување почина легендарниот Велибор Џаровски R…