Дома Трансфер зона Се сеќавате ли на Милан Барош? Еве каде ќе настапува сега!

Се сеќавате ли на Милан Барош? Еве каде ќе настапува сега!

Можеби многумина веќе го заборавија одличниот чешки напаѓач, Милан Барош.

Барош пронајде нов клуб, тој ќе настапува за Баник од Острава каде и што ја започна својата професионална кариера. 35 годишниот Барош во својата кариера настапуваше за повеќе просалвени европски гиганти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кариерата ја започна во 1998 година токму во Баник, за во 2002 година за 3.2 милиони фунти да премине во Ливерпул.

Иако во клубот од „Енфилд“ не одигра посебно важна улога, многумина го паметат од неговите денови во Ливерпул, а чешкиот фудбалер во 2005 година го предводеше нападот на Ливерпул во историското финале од Лигата на шампионите против Милан.

Барош токму тоа лето од Ливерпул премина во Астон Вила, потоа настапуваше уште за Лион, Портсмунт, Баник, Анталиспор, повторно Баник, Млада Болеслава, Слован Либерец и на крајот повторно во Баник.

За репрезентацијата на Чешка собра 93 настапи и постигна 41 погодок.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Араухо станува најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот?

Eкипата на Барселона наводно е подготвена да го продаде стоперот Роналд Араухо (25), објав…