Дома Топ вести Се раѓа шампионски Интер: Ова се трансфер метите на „нероаѕурите“

Се раѓа шампионски Интер: Ова се трансфер метите на „нероаѕурите“

Како што пренесува „Кориере дело Спорт“ новите сопственици на Интер спремиле огромен буџет за следното лето и сакаат на „Џезепе Меаца“ да донесат три или четири големи фудбалски имиња.

„Нероаѕурите“ играат феноменално во последно време, па поради тоа големи се шансите Стефано Пиоли да остане на кормилото, а медиумите тврдат дека ќе добие буџет од 150 милиони евра за трансфери.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од наредната година четири италијански тима ќе играат директно во Лигата на шампиони, но амбициите на „нероаѕурите“ се да го нападнат Скудетото.

Реконструкцијата ќе започне од одбраната каде веќе е договорен трансферот на Рикардо Родирегез од Волфсбург. Што се однесува до стопер како главни мети се посочуваат Манолас од Рома и Де Вриј од Лацио.

Со оглед на фактот дека средниот ред на „нероаѕурите“ е доста квалитетен, особено после доаѓањето на Гаљардини, најголемите вложувања ќе бидат во нападот.

Интер планира да донесе една од младите италијански ѕвезди, Берарди или Бернардески, како и една светска ѕвезда во нападот.

Гризман е скоро невозможна мисија, па поради тоа „нероаѕурите“ ќе се насочат кон Алексис Санчез или Кун Агуеро.

Нема сомнеж дека со овие засилување Интер ќе биде главен ривал на Јувентус за освојување на титулата во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…